Search

Клаудија Шифер: Лагерфелд ме направи супермодел

Некогашната муза на дизајнерот Карл Лагерфелд, Клаудија Шифер, изјави дека германскиот дизајнер кој почина денеска на 85 години, бил како Енди Ворхол во светот на модата.

 

Ожалостена за загубата на еден „незаменлив“ човек, Шифер, една од најславните супермодели на 90-тите, на нејзиниот Instagram профил напиша дека Лагерфелд бил нејзиниот „магичен прав“.

„Лагерфелд ме трансформира од срамежливо германско девојче во супермодел. Тој ме научи што е мода, стил и опстанок во модниот свет“, напиша Шифер.

„Она што Ворхол беше за уметноста, тоа беше тој за модата. Тој е незаменлив. Тој е единствениот човек кој можеше да ја направи рно-белата комбинација живописна. Вечно ќе му бидам благодарна“, додаде манекенката.

Треба да знаете
Последни објави