Search

Клаудио Маркизио призна дека бил избркан од Јувентус

Легендарниот поранешен фудбалер на „старата дама“, Клаудио Маркизио призна дека не сакал да си замине од Јувентус, но морал да го стори тоа.

 

Од клубот одлучиле да го раскинат договорот со искусниот играч за врска кој сега фудбалскиот леб го заработува во Русија.

– Ќе останев, но клубот одлучи да ми го раскине договорот. Не ми беше лесно, но мораше да направам промена. Ако се навратиме наназад, во Јувентус имаше многу проблеми со повреди во средниот ред, па би можело да се најде место и за јас да заиграм. Но, ќе беше погрешно ако останев, ни јас не сакав да имам сезона како претходната. По лошата повреда на коленото во 2016 година, немав други физички проблеми. Се надевав за нова шанса во Јувентус, но секогаш го ставав колективот пред мене и никогаш не се побунив, – коментираше Клаудио Маркизио.

33-годишниот фудбалер оваа година одигра вкупно 15 натпревари за Зенит на кои успеа да постигне два погодоци.

Треба да знаете
Последни објави