Search

Кичеец ќе каже дали може Боки и Катица дa го видат неговиот исказ

Зоран Милевски – Кичеец ќе одлучи дали неговиот исказ пред Вилма Рускоска ќе го даде да го видат адвокатите на Боки 13 и Катица Јанева, изјави за „Алсат-М“ неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Тој објаснува дека насоките како ќе градат одбрана доаѓаат од неговиот клиент. Дополнително, според него, одбраната не мора по секој цена да биде идентична за сите осомничени во „Рекет“.

Како што е познато на јвноста, неделава на Боки 13 и на Катица Јанева им беше овозможен увид во доказите против нив, освен во исказот на Зоран Кичеец, на што реагираа нивните адвокати.

Треба да знаете
Последни објави