Search

Кичеец, иако најави, вчера не се појавил во „Шутка“

Зоран Милески -Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се уште не се пријавил во затворот во Шутка, иако вчера најави дека нема да бара одложување на затворската казна и дека до крајот на денот ќе се јави на издржување на затворската казна.
Директорот на затворот, Есад Рахиќ потврди дека до утрово Кичеец не дошол во затворот.

Бидејќи Кичеец до полноќ не го исполни најавеното, затворската управа треба да го извести судот, а следен чекор е да биде спроведен со полиција.

Од вкупно три години, му остануваат помалку од година ипол затвор, бидејќи од апсењето во јули 2019, беше во притвор до април годинава, кога беше пуштен во домашен притвор со 200 илјади евра гаранција. Позитивно мислење за да излезе од ќелија даде и обвинителката Вилма Русковска, а освен гаранцијата Кичеец барал ослободување и поради починат родител и други семејни причини.

Треба да знаете
Последни објави