Search

Кичевската болница, ветувачки предизборен инструмент

Почитувани граѓани на Кичево, драги медиуми, ви благодарам за вашето учеството на оваа прес-конференција на Алијансата за Албанците.

Стоиме пред недовршената зграда на Градската болница, на чие име жителите од оваа област се измамени скоро 3 децении со тоа што не се завршува изградбата за да биде функционална болница.

Уште поболно и штетно за жителите од оваа област, се просториите далеку неколку метри од тука каде се даваат болнички услуги, зградите датираат од 40-тите години на минатиот век кои и покрај тоа што се оштетени и расфрлани, тие не располагаат ниту со минимални услови, дури и понекогаш, стануваат засолниште на кучиња скитници, а самата болничка околина станува патогено жариште од кое може да се разболите и никогаш да не оздравите.

Само да ја потсетиме ДУИ дека изградбата на кичевската болница требаше да заврше во 2015 година кога и ја ветивте истата како капитален проект во изборната кампања во 2013 година. За да докажете дека не планирате да го изградите овој објект, само потсетете се на изјавите на функционерите на ДУИ кои во секоја предизборна кампања ветија дека ќе се стави во употреба овој до ден денешен недовршен објект кој сè уште е во иста состојба од 2013 година.

Гледајќи ја небрежноста кон кичевчани од страна на функционерите на ДУИ, ние како Алијанса за Албанците неколку пати реагиравме за оваа болница и непосредната потреба да се стави во употреба овој објект, но овие реакции секогаш наидоа на глуви уши.

Кичевчани треба да знаат уште колку пати оваа зграда ќе биде предмет на тендер (фаза што е најсоодветна за функционерите на ДУИ)?

Кој е пречкаташто сеуште не се започна втората фаза за изградба на овој објект?

Која е фирмата што го доби тендерот?

Дали недоразбирањето за „пазарот“ на тендерот е причина што оваа зграда е сеуште нефункционална?

Треба ли кичевчани да се држат како заложници на политичкиот пазар на штета на нивното здравје?

Ние бараме да се преземат итни мерки за изградба на зградата, со надеж дека кичевската болница нема да остане секогаш во тендерската фаза затоа што на кичевчани им е потребна болница со нормални услови и да можат да ги завршат нивните третмани во болница која ги задоволува нивните потреби.

Треба да знаете
Последни објави