Search

Кичевец со џип се забил во бетонски столб

Кичевец бил тешко повреден откако со џип удрил во бетонски столб, вчера во Кичево.

Според полицијата, несреќата се случила во 13.45 часот часот на улицата Ужичка. Р.Ц.(56) од Кичево, управувајќи „лада нива” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб.

Од ударот Р.Ц.се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави