Search

Кичевец со четирицикл се истумбал во Бутел

На 13.10.2020 во 16.20 часот било пријавено дека на улицата Александар Урдаревски во Скопје,  Б.С. (40) од Кичево управувајќи четирицикл „атв“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави