Search

Кичевец со „ескорт“ прегазил пешак и удрил во „астра“ и паркирана „вектра“

На 06.07.2020 во 12.15 часот било пријавено дека во Кичево, на улицата Исеин Акиоски, автомобил „форд ескорд“, управуван од С.Д.(21) од Кичево, удрил во автомобил „опел вектра“, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во автомобил „опел астра“, паркиран од В.Ш.(32) од Кичево.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави