Search

Кичевец без маска нападнал вработен во маркет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ  упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ.  физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.

Треба да знаете
Последни објави