Search

Кит-Го триумфираше против Осогово, Саса и Брегашница Штип ремизираа во М.Каменица

Фудбалерите на „Кит Го” ја запишаа првата победа во новата сезона во Втората лига – Исток, славејќи со 1:0, на домашен терен против Осогово. Избраниците на Емил Грнев сосема заслужено стигнаа до триумфот низ далеку подобра игра од противникот, заокружен со погодокот на Бошко Ступиќ во 65. минута од средбата.
Победата Кит Го ја обезбеди во второто полувреме, кога по одличното проигрување од Петар Најдов, офанзивецот Ступиќ од десеттина метри погоди за 1:0.
До крајот гостите имаа обиди да сторат нешто повеќе, но како што истакна тренерот на домаќините, Емил Грнев, нападите биле јалови.
-И покрај тоа што досега немавме ниту еден освоен бод во првенството не смееме не ја потценивме екипата на Осогово. Игравме пред домашна публика и секако сите во тимот дадовме се од себе за прва победа сезонава. Верувам дека сега ќе се подобри и реализацијата, па со максимален ангажман на терен во наредните натпревари ќе освоиме нови бодови, истакна Грнев.
Во Македонска Каменица во 4.коло се сретнаа екипите на Каменица-Саса и Брегалница Штип, во кое штипските сини го забележаа првото реми во новата сезона. Саса поведе во 30. минута со голот на Нешовски, и покрај иницијативата на штипјани. Брегалница израмни со голот на Пепи Ѓорѓиев во 53. минута. Во второто полувреме, домашните повторно поведоа со голот на Зоран Златковски во 70. минута, но во финишот, во 87. минута израмни Ристе Наумов за конечни 2:2.
Треба да знаете
Последни објави