Search

Китев: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во медиумите

Пратеникот на СДСМ, Бетиане Китев на прес конференција го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите. Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упорно не свикува седница на Комисијата.

-Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ. На тој начин, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, во никој случај нема да се случат. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава. Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на AАВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи, рече Китев.

Тој истакна деа како одговорна партија, бараат законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.

Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ. Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис. Потребата од реформи во јавниот сервис е јасно нотирана и во извештајот на Репортери без граници. Професионализацијата на ААВМУ и МРТ е од особено значење за рефомата на медиумите и унапредување на демократските вредности. Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните, рче Китев.

Треба да знаете
Последни објави