Search

Китанов: Некогаш со непосредна спогодба, сега на отворен тендер преку ЕБОР

Новиот автопат Миладиновци – Штип е претплатен двојно, тројно па и четирикратно повеќе за одредени ставки кои носат и најмногу пари при изградбата.

Ова гo тврди Зоран Китанов првиот човек на јавното претпријатие државни патишта споредувајќи ги истите ставки од истиот изведувач кинескиот Синохидро кој пред неколку месеци, но овој пат на тендер од Ебор доби да го гради експресниот пат Кочани – Крупиште, кој ќе биде со речиси идентичен квалитет со автопатот.. Кинезите ќе го градот експресниот пат долг 13,7 килиметри за 18,2 милиони евра, или 1,3 милиони евра за километар..

Споредбата на цените за патот кај Крупиште и оној кај Миладиновци освен за тампонот каде има четирикратно поголеми сума од 570 денари за метар кубен на 2202 денари за метар кубен за асфалт долен слој сега за Крупиште се понудени 54, 7 денари за сантиметар додека за Миладиновци биле вкалкулирани 107 денари за сантиметар, кај завршниот асфалт разликата е од 70 на 184 денари за сантиметар додека за арматура ставката што сега на тендер за автопатот кај Крупиште ја нуди Синохидро е 43,5 денари додека кај Миладиновци се наплатени 92 денари за килограм.

Покрај огромната разлика во цени според Китанов направени се и нереално поголеми предвидувања за трошењата на автопатот, кои сега се заштедени… Миладновци-штип финално ќе чини 177 милиони евра за 47 километри, или 3,8 милиони евра за километар.. .

Автопатот Миладиновци Штип, се очекува да биде пуштен во употреба за една недела, штом се заврши поставувањето на заштитната ограда со која се обезбедува сигурност за возачите.

По проектот овој автопат, кој се гради од 2014 година, требаше да биде готов во мај 2017 но тогаш бил завршен само 50% со останати 24 бандери од далеководи.

Откако беше потпишан анекс, автопатот конечно беше завршен во декември лани, а во следниот период останува да се изведуваат дополнителни зафати од страна кои нема да пречат во сообраќајот и со времени премостувања ќе тече и изградбата на патарините заради што се посочува на почитување на патната сигнализација

Треба да знаете
Последни објави