Search

Кисти Бринкли во ултракус фустан дури и во 65. година од животот

Легендарната манекенка и актерка на 2 февруари наполни 65 години, а на претставувањето на новата сезона на американската емисија „Танц со ѕвездите“ дојде во мини фустан со шлиц.

На никого не му е јасно како таа успева да изгледа како врсничка на својата ќерка Алекс Реј Џоел, која ја доби со музичарот Били Џоел.

Кристи признава дека користи ласерски третмани и дека пробала ботокс, но не ѝ се допаднал. Тоа се единствените третмани што ги пробала, така што нејзиниот изглед не може да ѝ се припише на естетската хирургија.

Треба да знаете
Последни објави