Search

Кисела Вода во соработка со УНДП реализира проект за избор на образовни лични асистенти

Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите и грижејќи се за децата со посебни потреби во општинските основни училишта, во соработка со УНДП, во рамки на програмата Општинско – корисна работа 2019, петта година по ред успешно реализира проект  за избор на образовни лични асистенти.

Во рамки на проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме” во текот на оваа учебна година, 30 образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма.

Од вкупно ангажираните асистенти, Општина Кисела Вода обезбеди средства за 10, а за останатите 20 средствата се обезбедени од страна на УНДП.

Градоначалникот Филип Темелковски денеска во просториите на Општината, на потпишувањето на договорите за работа оствари средба со дел од образовните асистенти и им посака успешна работа.

Треба да знаете
Последни објави