Search

Кирјос ослободен од обвинението за семејно насилство

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска во судот во Канбера е ослободен од обвинението за семејно насилство, иако претходно во текот на процесот призна вина за инцидентот што се случи во 2021 година кога ја нападна својата поранешна девојка Кјара Пасари.

Обвинението против Кирјос е отфрлено откако судот процени дека станува збор за „помал инцидент“.

Кирјос му се заблагодари на судот за ослободителната пресуда и најави дека планира да продолжи со процесот на рехабилитација по повредата поради која се повлече од настап на неодамнешното издание на Австралија опен.

Треба да знаете
Последни објави