Search

Кирјос на мечот со Надал се појави со дрес на Лејкерс во спомен на Брајант

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на денешниот дуел со Шпанецот Рафаел Надал се појави со дрес на Лејкерс во спомен на легендата во НБА, Коби Брајант кој вчера го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Кирјос пред мечот плачеше на својата клупа, а за време на подготовките носеше дрес на Лејкерс со број 8, еден од двата броја кој ги носеше Коби во својата кариера.

Кирјос и Надал претпладнево го играат претпоследниот дуел од осминафиналната фаза на гренд слем турнирот Австралија опен.

Треба да знаете
Последни објави