Search

Кирк Даглас го прослави 102-риот роденден

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Исур Даниелович. Неговите родители се преселиле во САД од Белорусија. Кирк го помина своето детство во еврејска заедница во градот Амстердам, во државата Њујорк. Но, тој никогаш не го заборави своето скромно потекло, бидејќи, штом се збогати, донираше милиони за добротворни организации.

Кирк не можеше да се запише на глума, бидејќи беше премногу сиромашен. Работел на различни  места и конечно отишол на првата актерска аудиција. Добил стипендија на Академијата за драмски уметности во Њујорк и успеал да запише глума. Тој студирал со Лорен Бекол, која наскоро му станала добра пријателка.

Бев лудо заљубена во Кирк. Тој еднаш спиеше во затворска ќелија, бидејќи немаше преноќиште “, рече актерката.

За време на Втората светска војна бил во морнарицата, но морал да се врати дома поради повреда. Се оженил со колешка од класата, Дијана Дил и со не ги добил Мајкл (73) и Џоел (70).

По војната тој снимал сапуници и реклами на радио и глумел на Бродвеј. Во 1950-тите, тој почнува да глуми во вестерн филмовите. Јавањето му станало забавно, а ги засакал и револверите.

Кирк Даглас се разведе во 1951 година од Дијана, која веќе не можеше да ги толерира неговите испади. За него се вели дека бил во врска со многу холивудски убавици од тоа време како Ава Гарднер и Марлен Дитрих. По разводот, ја запознал Ана Бајденс (98) во Париз.

За време на неговата филмска кариера, тој беше номиниран три пати за Оскар, а го доби во 2008 година за животно дело.

Треба да знаете
Последни објави