Search

Кира Најтли не ја крие својата болест

Во моментов Кира Најтли е една од најпопуларните актерки, а во светот на актерството за прв пат се појави на 18-годишна возраст. Сепак, славата што ја доби влијаеше многу врз неа, па веќе на 22 години доби посттрауматско стресно растројство.

За разлика од многумина кои ги криеја таквите работи, таа јавно зборуваше за својата болест.

Поради стресот и животот под лупа, добив ПТСР и имав напади на паника. Одев на терапија со хипноза само за да можам да одам на црвениот килим. Тогаш направив пауза во актерството, но со текот на времето научив да се справам со стресот“, рече Кира.

Кира вели дека многу работи од нејзиниот приватен живот излегле во јавноста, но денес таа е една од најбараните актерки, таа може да се справи со сето ова и сè да држи под контрола.

„Јас сум во добра фаза, добив самодоверба и знам дека сум добар работник”, рече Кира за „Azra.ba”.

Треба да знаете
Последни објави