Search

Кира Најтли во деветтиот месец од бременоста купува продукти на пазар

Триесет и тригодишната британска актерка Кира Најтли, која се појави на сцената на 18-годишна возраст, веќе е во напредна бременост вторпат.

Кира очекува дете со својот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон, а папараците неодамна ја фотографираа додека одеше да купува продукти.

Актерката во долго здолниште и тексас јакна, со очила на лицето, изгледа речиси непрепознатливо.

Бременоста ѝ годи, таа буквално блеска, дури и без шминка.

Актерката и музичарот се венчаа во мај 2013 година, а ќерката ја добија пред две години. Искуството на Кира со првото раѓање беше трауматично и таа зборуваше отворено за тоа во есеј во кој се осврна на темата притисок врз жените да изгледаат совршено по породувањето.

Треба да знаете
Последни објави