Search

Кираџиева и Поп Арсова освоија сребро во маратон на Балканското првенство

Репрезентативките на Атлетска Федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова, викендов во Белград на Балканското првенство во маратон, во склоп на „Србија маратон” беа втори во екипен пласман/жени и се закитија со сребрен медал.
Андријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкупно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција.
Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на 10. позиција.
Кираџиева е поранешна рекордерка во маратон и шесткратна македонска шампионка  во маратон, додека Поп Арсова е актуелна рекордерка и два пати државен првак во маратон.

Треба да знаете
Последни објави