Search

Кипчоге: Среќен сум што успеав да истрчам под два часа

Кениецот Елиуд Кипчоге кој денеска оствари историски резултат истрчувајќи го маратонот во виена за за 1 час 59 минути 40,2 секунди е многу среќен од постигнатото време и изрази надеж дека и другите спортисти исто така ќе се обидат да го поминат маратонското растојание за помалку од два часа.

– Среќен сум што успеав да истрчам под два часа. Сакам да ги инспирирам другите луѓе и да им кажам дека можностите на секоја личност се бесконечни. Се надевам дека сега и другите спортисти исто така ќе се обидат да го трчаат маратонот побрзо од два часа. Можам да кажам дека сум уморен. Беше тешка трка. Имајте на ум дека пејсмејкерите се меѓу најдобрите спортисти во светот и јас ја ценам нивната работа. Тоа многу значи за Кенија, истакна Кипчоге.

По повод неговиот денешен историски резултат илјадници негови сонародници се собраа во кенискиот град Елдорет каде е роден Кипчоге, за да го поздрават и да му оддадат признание.

Треба да знаете
Последни објави