Search

Кипар со софтверски систем ја кодира причината за смртта кај позитивните лица на Ковид-19

За колку е можно поточно да се одреди причината за смртта кај починатите пациенти со Ковид-19, Кипар спроведува процес на кодирање на вистинската причина за смртта со помош на софтверскиот систем IRIS, соопшти денеска научниот директор на Државната организација за здравствени услуги на Кипар, Мариос Лоизу, јави дописничката на МИА од Атина.

Лоизу рече дека овој систем се спроведува, земајќи го предвид фактот што многу од пациентите имаат тешки здравствени проблеми, кои би можеле да бидат причината за смртта.

Од 13-те потврдени смртни случаи на Кипар, сите позитивни на Ковид-19, девет се должат на коронавирусот, а другите четири се од друга причина.

Според денешните официјални податоци, во изминатите 24 часа, потврдени се 40 нови случаи, а вкупниот број од почетокот на епидемијата се зголеми на 396, додека пак уште едно лице го загуби животот.

Треба да знаете
Последни објави