Search

Кипар се обрати до Меѓународниот суд на правдата поради Турција

Кипар започна судска постапка против Турција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради активностите на Анкара за дупчење на морското дно во кипарските води за експлоатација на гас, најави денеска кипарскиот претседател Никос Анастасијадес.

Тој рече дека тоа е дел од ветувањето на неговата Влада дека ќе ги употреби „сите правни средства” што ги има на располагање за да ги заштити суверените права на Кипар.

– Турција преку својата амбасада во Атина беше известена за таа правна акција, рече Анастасијадес и додаде дека можат да се појават тешкотии.

Турција врши бушење од јули во водите на кои Кипар полага ексклузивно право.

Анкара претендира на речиси половина од таа кипарска ексклузивна економска зона и тврди дека ги брани своите права и правата на купарските Турци за енергетските резерви во областа.

Треба да знаете
Последни објави