Search

Кин: Секој ден учам нешто ново од Роналдо

Моис Кин е големата ѕвезда на Италија, која изгреа синоќа на „Фриули” во Удине во победата над Финска со 2:0.

Кин стана вториот најмлад играч по Бруно Николе, кој постигнал гол со синиот дрес уште во своето деби. Кин е исто така првиот играч роден во 2000 година, кој постигна гол за италијанската репрезентација.

Селекторот на „азурите”, Роберто Манчини се искажа доста позитивно заиграчот на Јувентус Кин, дефинирајќи го како феномен.

Кин призна по завршувањето на натпреварот со Финска дека учел од Кристијано Роналдо и е подготвен да скрши уште многу рекорди.

– Сè уште има многу рекорди што треба да ги скршам. Тренирам со упорност и подготвен сум да помогнам кога е потребно. Играм таму, каде тренерот ќе ме постави. Секој ден учам нешто ново од Кристијано Роналдо, рече талентот на „Старата дама”.

Треба да знаете
Последни објави