Search

Кинески суд ја забрани продажбата на повеќе модели на „ајфон“

Кинески суд наложи забрана за продажба на повеќе постари модели на „ајфон“ во Кина поради спорот кој производителот на чипови „Куалком“, инаку кинески добавувач, го води против „Епл“ во врска со патентите.

Судот во кинескиот град Фуџоу, според соопштението на „Куалком“, утврдил дека „Епл“ во два случаја го прекршил Законот за заштита на патенти кои се во сопственост на „Куалком“, поради што е наложена итна забрана на постари модели на „ајфон“, од 6с до Х, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ова предизвика пад на акциите на „Епл“ и создаде нова неизвесност за компанијата во време кога таа се соочува со проблем поради намалената побарувачката за новите модели на „ајфон“.

Од „Епл“ соопштија дека сите модели на „ајфон“ остануваат во продажба во континенталниот дел на Кина и дека до судот е доставено барање за повторно разгледување на овој случај.

„Напорите на ‘Куалком’ да забрани наши производи се само уште еден очајнички чекор на компанијата чија незаконска работа е под истрага на регулаторите ширум светот“, соопштија од „Епл“.

Треба да знаете
Последни објави