Search

Кинески стогодишник, наводно, ја должи својата долговечност на алкохолот и цигарите

Жител на Кина, кој по стоти пат ги дувна свеќите на 27 јуни, вели дека својата долговечост ја припишува на алкохолот и цигарите.

– Сè уште се прашувам дали е добро или не – тоа што пијам и пушам, се прашува Жанг Кемин.

Славеникот никогаш не се лишувал себеси ни од штетна храна, но низ целиот живот ретко се нервирал и гледал на работите лежерно. Стогодишникот признава дека алкохолот и цигарите биле најголемата страст во неговиот живот. Сепак, пред 10 години морал да ги намали.

Кинезот почнал да пуши на 20-годишна возраст. До ден-денес пуши цела кутија цигари, но и покрај тоа, стогодишникот нема посебни здравствени проблеми, освен благо изгубен слух. Во мигов живее во ист дом со членови на пет генерации од неговото семејство и поголемиот дел од времето го минува во пушење цигари и гледање телевизија.

Треба да знаете
Последни објави