Search

Кинески клуб подготвен да го „позлати” Бејл

Беижинг Гуан сака да го направи Герет Бејл најплатениот играч во историјата на кинескиот фудбал, нудејќи му излез од Реал Мадрид, тврди „Дејли Телеграф”.

Триесет годишниот фудбалер добил понуда од 24 милиони евра годишно нето.

Бејл не е сакан од тренерот Зинедин Зидан, кој вчера призна дека Шпанците барале начин да се разделат со велшкиот репрезентативец.

До разделба помеѓу Реал Мадрид и Бејл сигурно ќе дојде откако агентотна играчот, Џонатан Барнет го нападна Зидан отворено и ги опиша неговите зборови како „срамни”.

Од „Сантијаго Бернабеу” сакаат околу 60 милиони евра за крилото, и ова е проблем за кинескиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави