Search

Кинески град почна да нуди експериментална вакцина за 60 долари

Кинескиот град Џјасин им понуди на работниците и други високо ризични групи експериментална вакцина за коронавирус на Синовак Биотех за 60 долари, како дел од националната програма.

Центарот за спречување и контрола на болести во Џјасин во соопштение наведува дека две дози од кандидатот за вакцина КоронаВак чинат 200 јуани (29,75 долари) по доза. Се објаснува дека е почната имунизација на клучни групи, вклучително и на здравствени работници.

Кинеските власти досега не ја откриваа точната цена на потенцијалните вакцини.

Стотици илјади Кинези и други досега примија експериментални вакцини во последните фази од испитувањата како дел од програмата за итна имунизација од јули.

Треба да знаете
Последни објави