Search

Кинеските научници предупредуваат дека мачките се најподложни на коронавирус

Студијата спроведена од научници од кинескиот Институт за ветеринарно истражување во Харбин, Кина, покажа дека мачките се подложни на Ковид-19 и може да се заразат едни со други, но не е утврдено дали тие можат да ги заразат и луѓето.

Според студијата, објавена на веб-страницата bioRxiv, група научници ја испитувале подложноста на ласиците и животните кои се во близок контакт со луѓето да се заразат со САРС-КоВ-2.

„Откривме дека САРС-КоВ-2 послабо се пренесува на кучиња, свињи, кокошки и патки, а многу почесто и на ласици и мачки. Откривме и дека вирусот се пренесува на мачки со воздушни капки“, се вели во студијата.

Заради брзото ширење на коронавирусот ширум светот, се повеќе се стравува дека домашните миленичиња би можеле да ја пренесуваат заразата и да ги инфицираат своите сопственици.

Познатиот вирусолог Линда Саиф од Државниот универзитет во Охајо наведува дека нема директни докази дека заразените мачки можат да лачат доволно количество патогени на вирусот корона за да ги заразат луѓето, наведува списанието „Природа“.

Таа, исто така, истакна дека нивото на пренесување на вируси кај мачките не е особено високо и додаде дека се потребни повеќе истражувања во оваа област, вклучувајќи ги и оние кај кои мачките ќе добијат различни дози на вирусот за да се утврди дали можат да го пренесат на други мачки.

Треба да знаете
Последни објави