Search

Кинеските возови во метрото во Њујорк, опасни по националната безбедност на САД

Набавката на нови кинески возови за подземната железница во Њујорк, би можела да претставува закана по националната безбедност на САД, смета сенаторот од редовите на демократите Чарлс Шумер.

Шумер изјави дека ќе побара истрага за планот за купување на новите вагони кои ги произведува кинеската државна компанија CRRS.

Шумер прашањето го постави и до американското Министерство за трговија и побара од нив да извршат целосна истрага, по победата на кинеската компанија CRRC на јавниот тендер за дизајн на новите вагони во Њујорк.

Американските медиуми пишуваат дека компанијата не добила договор во Њујорк, иако победила на тендерите за набавка на новите вагони во Лос Анџелес, Чикаго, Бостон и Филаделфија.

Експертите за безбедност на возови предупредуваат на претходните сајбер закани и хакерски напади од Кина. Компанијата CRRC соопшти дека поддржува секаква истрага.

Треба да знаете
Последни објави