Search

Кинескиот Парламент ќе гласа за законот за национална безбедност на Хонг Конг

Постојаниот комитет на Националниот народен Конгрес, највисокото законодавно тело во Кина, најверојатно денеска ќе гласа за законот за национална безбедност на Хонг Конг, пишува Глобал Тајмс.

Пратениците на 28 мај  ја усвоија „Одлуката за воспоставување и подобрување на правниот систем и механизмите за спроведување за да се обезбеди национална безбедност во специјалниот административен реон Хонг Конг”.

Според весникот, кој се повикува на претставници  на Хонг Конг, дискусиите меѓу пратениците завршиле со консензус за законот.

Законодавците, вклучително и повеќе од 10 официјални претставници на Хонг Конг, одржаа шест дискусии за законот.  Еден или двајца пратеници од Хонг Конг се присутни во секоја група со цел да биде земено предвид јавното мислење во Хонг Конг. 

Треба да знаете
Последни објави