Search

Кинескиот град Вухан во изолација поради коронавирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на новиот корона вирус, а на граѓаните им е советувано да не го напуштат градот, јавуваат денеска државните медиуми.

Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај ќе бидат стопирани, а аеродромот и железничката станица затворени за сите патници утре, 23 јануари, со почеток во 10 часот по локално време.

Властите побараа од граѓаните да не го напуштат градот без итна потреба, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на жртви на новиот коронавирус во Кина се зголеми на 17, додека бројот на пациенти се искачи на 540 лица, соопштија денеска официјалните лица.

Вирусот се шири од Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи со заболени се потврдени и во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави