Search

Кинеската тенисерка Пенг Шуаи „наводно” се појави во јавност

Исчезнатата кинеска тенисерка, 35-годишната Пенг Шуаи, наводно се појави во јавноста, првпат од почетокот на овој месец, јавија денеска дел од кинеските медиуми.

Видео снимки на кои се гледа тенисерката како без зборови отпоздравува и потпишува големи тениски топки пред насобрани деца објавија организаторите на тенискиот турнир во младински категории „Чајна Опен”, кој во моментов се одржува во Пекинг.

Покрај организаторите, „докази” за појавувањето на тенисерката се појавија и на други интернет страници, а видео материјал и фотографии на кои може да се види 35-годишната Шуаи на својот Твитер профил сподели и главниот уредник на весникот „Глобал Тајмс”, Ху Ксиџин.

Кинеските власти и тамошните државни медиуми претходно демантираа дека Шуаи е киднапирана, откако на почетокот на ноември објави дека висок кинески функционер сексуално ја злоставувал пред три години. Властите во Пекинг тврдат дека тенисерката се чувствува добро и престојува во нејзиниот дом.

Сите досегашни „докази” од меѓународната заедница беа дочекани со голема резервираност, вклучувајќи го и ова прво наводно појавување на Пенг Шуаи во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави