Search

Кинезите направија хеликоптер како НЛО, го нарекоа „Бела ајкула“

Хеликоптер наречен „Супер голема бела ајкула“ кој изгледа како летачка чинија е преставен на изложба во кинескиот град Тјанин. Кинеските воени стручњаци изјавија дека станува збор за експериментално летало.Embedded video

Хеликоптерот „Супер голема бела ајкула“ е долг 7,6 метри а широк 2,85 метри. Пилотската кабина која е сместена во средината на прстенестата структура има две места. Хеликоптерот има два турбоџет мотори и може да развие брзина до 650 километри на час.Хеликоптерот е тежок шест тони и може да лета на височина до шест илјади метри.

Леталото наликува како оние од научно-фантастичните филмови. Првиот лет прототипот на хеликоптер со футуристички дизајн ќе го има во 2020 година на саемот „Ершоу Чајна 2020“ во градот Џухај во провинцијата Гуандонг,на југот на Кина.

Воените експерти тврдат дека се постигнати голема брзина и ниско ниво на бучава, а дека, кога станува збор за хеликоптерите на иднината, ќе биде потребно дополнително да се работи на нивното полесно одржување и поголема издржливост.

Треба да знаете
Последни објави