Search

Кинезите градат мост над Панамскиот Канал вреден 1,4 милијарди долари

Владата на Панама му додели на кинески конзорциум договор вреден 1,4 милијарди долари за изградба на мост над Панамскиот Канал, еден ден по посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Овој проект е дел од напорите на Кина да го прошири своето политичко и економско влијание во Латинска Америка.

Конзорциумот „Панама куарто пуенте“, кој се состои од две кинески компании, ќе дизајнира и изгради мост над Панамскиот Канал.

Ова ќе биде еден од најголемите градежни проекти во историјата на Панама, објави АФП.

Треба да знаете
Последни објави