Search

Кинезинка си инјектираше овошен сок во вената, одвај преживеа

Педесет и едногодишна Кинезинка за малку ќе починеше откако си инјектира директно во вена сок направен од 20 видови овошје, објаснувајќи дека само сакала нејзиниот организам на најдобар можен начин да „впие“ витамини, пренесува Би-би-си.

Но, кратко време по инјектирањето „инфузија” од домашно производство почувствувала чешање на кожата и ѝ се покачила телесната температура.

Отпрвин ги игнорирала симптомите, а во болница отишла откако нејзиниот шокиран сопруг дознал за коктелот што го инјектирала во вена.

Лекарите од болницата во кинескиот град Хунан каде што таа беше примена, кажаа дека нејзиното тело претрпело огромна штета и дека се развиле различни инфекции, кои резултирале со почетна фаза на откажување на срцето, бубрезите и црниот дроб.

Лекарите ѝ ја прочистиле крвта и ѝ дале соодветни антибиотици, така што општата состојба ѝ се подобрила по пет дена.

„Мислев дека овошниот сок е здрав и дека не може да ми наштети ниту на овој начин”, објаснува Кинезинката која е склона на практикување на алтернативна медицина.

Треба да знаете
Последни објави