Search

Кинезинка призна дека водела синџир на „породилен туризам” во САД

Кинезинка во САД ја призна вината по обвиненијата дека водела синџир „породилен туризам” за кинески државјани, кои плаќале за децата да им се родат во САД и со тоа да станат американски државјани.

Донгјуан Ли призна дека нејзината компанија помагала на богати кинески државјанки да дојдат во САД и таму да се породат.

На своите клиенти таа им нудела обука за тоа како да ја заобиколат имиграциската контрола во САД и да ја сокријат својата бременост, јави Би Би Си. На тој начин таа се стекнала со незаконска парична корист во износ од три милиони долари.

На Ли казната ќе и биде изречена во декември, а се соочува со затворска казна до 15 години.

Треба да знаете
Последни објави