Search

Кина ѝ дозволи на војската да користи вакцина против коронавирус

На кинеската војска ѝсе дозволи да користи кандидат за вакцина против коронавирус, развиен од нејзините истражувачи и лабораторијата „Кансино биолоџикс“, откако клиничкото тестирање се покажа безбедно и донекаде ефикасно, соопштија од компанијата.

Станува збор за Ad5-nCoV, еден од осумте кинески кандидати за вакцина, за кои е дозволено тестирање на луѓе во земјата и во странство, пишува „Ројтерс“.

Вакцината е одобрена за тестирање кај луѓето и во Канада.

Кинеската централна воена комисија ја одобри, според изјавата на „Кансино биолоџикс“, употребата на таа вакцина во армијата за период од една година.

Компанијата одби да одговори на прашањето од „Ројтерс“ дали вакцинацијата ќе биде задолжителна, наведувајќи дека станува збор за деловна тајна.

На почетокот на овој месец, Кина им понуди двајца кандидати за вакцина на вработените во државни компании кои патуваат во странство.

Треба да знаете
Последни објави