Search

Кина ќе приземји речиси 100 авиони „боинг 737“

Приземјените авиони „боинг 737“ во Кина сочинуваат повеќе од една четвртина од вкупната флота, објави „Ројтерс“.

И „Етиопијан ерлајнс“ исто така ги приземји своите авиони „боинг 737“ за дополнителни безбедносни мерки на претпазливост.

 

Ниту една друга авиокомпанија досега не објави дека ќе ги стопира летовите за своите „боинг 737“ авиони.

До крајот на јануари, „боинг“ на купувачите им испорачал 350 авиони од овој тип.

Ова е втор пад на „боинг 737“ за неколку месеци – во октомври минатата година индонезиски авион од истиот модел падна 13 минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта.

Тогаш загинаа 189 патници и членови на екипажот, потсетува британската агенција.

Треба да знаете
Последни објави