Search

Кина ќе одговори на новите американски царини

Кина ќе одговори на најновото зголемување на царините од САД за кинески производи, објави денеска весникот на владејачката Комунистичка партија „Народен дневник”, во момент на ескалирана трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот.

„Кина е уверена дека добро ќе го следи својот пат и ќе ги исполни своите цели и дека никогаш нема да се откаже од својот став за возвраќање на какво било провокации од страна на американската страна”, се вели во редакцискиот уводник на весникот.

Американските политичари кои сакаат да го спречат кинескиот економски развој, сепак сакаат да користат тактики за максимален притисок врз Кина, што обезбедува само мал успех, се наведува во текстот.

САД нема да победат во трговската војна поради неволјите со кои се соочуваат американските земјоделци и претприемачи, според билтенот на Комунистичката партија на Кина.

Кина вчера соопшти дека остро се спротиставува на одлуката на Вашингтон да воведе дополнителни царини за кинески производи во вредност од 550 милијарди американски долари и ги предупреди САД  дека ќе сносат последици доколку не престанат со своите „погрешни потези”.

Треба да знаете
Последни објави