Search

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението, соопштија денеска тамошните власти.

Како што пренесуваат странските агенции, целта е мандаринскиот јазик до 2035 година да стане речиси универзален во цела Кина.

Оваа кампања може дополнително да ги загрози регионалните дијалекти на кантонски и хавајски, како и јазиците на некои малцинства – тибетски, монголски и ујгурски.

Во соопштението на Државниот совет се наведува дека мандаринскиот јазик е „неурамнотежен и неадекватен” и дека треба да се подобри за да се задоволат барањата на модерното стопанство.

Критичарите велат дека малцинските јазици и култури се загрозени и дека целта е да се искоренат културите кои не се во согласност со доминантната етничка група Хан.

Треба да знаете
Последни објави