Search

Кина ќе ги регистира и асимптоматски случаи на новиот коронавирус

Кинеската Национална здравствена комисија денеска соопшти дека во последните 24 часа пријавени се 130 асимптоматски случаи, со што вкупниот број на такви случаи се искачи на 1.367, кои се под медицинско набудување.

Комисијата наведува дека 35 од новите случаи биле увезени од странство.

Во Кина регистрирани се и седум нови смртни случаи во провинцијата Хубеи од последици од Ковид-19.

Кина вчера најави и дека ќе почне да го објавува и бројот на луѓе чии тестови биле позитивни на новиот коронавирус, но кои немаат симптоми, како што се треска и кашлица. Досега, таквите случаи не беа вклучени во вкупната бројка на инфицирани лица. Промената е воведена поп притисокот од странство и од кинеската јавност.

Досега во Кина има пријавено 81.554 случаи на новиот коронавирус, од кои 3.312 лица починале, а оздравеле 76.238 лица.

Додека во Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја сите пациенти кои биле позитивни на Ковид-19 се регистрирани како пациенти, без оглед на симптомите.

Треба да знаете
Последни објави