Search

Кина ја поздравува изјавата на Трамп за Хонгконг

Кина ја поздравува изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг треба сам да ја реши кризата во Хонгконг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Претседателот на САД претходно го пофали кинескиот претседател Кси Џинпинг и истакна дека тој може лично да ја реши ситуацијата во Хонгконг, каде што се одржуваат антивладини демонстрации од јуни.

Десетнеделните судири меѓу полицијата и демонстрантите го втурнаа меѓународниот деловен центар во најтешката криза по преминот на островот од британска во кинеска власт во 1997 година.

Треба да знаете
Последни објави