Search

Кина ја осуди критиката на Мајк Помпео како клевета

Кина денеска ја осуди како „клевета” критиката на американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео, во однос на политиката на Пекинг кон Латинска Америка, тврдејќи дека овие земји наскоро ќе видат кој им е „вистински пријател”.

Помпео во петокот, за време на тридневната посета на Чиле, Парагвај и Перу, ја обвини Кина дека придонесува за економскиот колапс на Венецуела давајќи му финансиска поддршка на претседателот Николас Мадуро, додека земјата оди кон се подлабока политичка криза, изјавија официјални лица.

Помпео ја нарече Кина лицемерна затоа што повика да не се интервенира во Венецуела, каде што кинески „финансиски интервенции помогнаа во уништувањето на земјата”.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, на брифингот во Пекинг изјави дека таквите коментари се „лаги”.

„Државниот секретар на САД, Помпео, за кинеско-латиноамериканските односи, е безобразен клеветник, намерно предизвикува, неодговорен е и неразумен. Ние силно се спротивставуваме на тоа”, рече Лу.

Треба да знаете
Последни објави