Search

Кина ја вклучува армијата во борба против коронавирусот

Централниот воен совет на Кина ја ангажира војската во борба против коронавирусот во Вухан. Во градот се испратени 40 воени воени лекари, пренесува РИА Новости.

Тие ќе работат во одделот за интензивна нега во белодробната болница во Вухан.

На 31 декември 2019 година кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за непозната појава на пневмонија во Вухан, лоциран во централниот дел на земјата.

Експертите утврдија дека станува збор за вирус наречен корона.

Според последните податоци, бројот на заразени во Кина веќе надминал 830, а 26 се починати.

Вирусот е распространет и надвор од Кина. Случаи заразени со коронавирус се регистрирани и во Јужна Кореја, Јапонија, САД, Виетнам, Сингапур и Тајланд.

Треба да знаете
Последни објави