Search

Кина со нови мерки поттикнува потрошувачка

Кина ќе воведе нови мерки за поттикнување на потрошувачката на производи во клучните сектори и искористување на потенцијалот на руралната потрошувачка, се вели во соопштението на Државниот совет.

Како што објави кинеската медиумска група (ЦМГ), ќе се обезбеди поголема поддршка за растот на т.н. Интернет плус туризмот, со цел подобро да се задоволи побарувачката на луѓето кога станува збор за потрошувачката, беше одлучено на состанокот на Државниот совет со кој претседава кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Податоците на Министерството за трговија покажуваат дека во 2019 година, малопродажбата на автомобили, апарати за домаќинство, мебел, градежни материјали и угостителство претставува околу 25 отсто од вкупната продажба на мало во Кина, а малопродажбата на овие производи во руралните области изнесува 14,7 отсто.

Во октомври, вкупната продажба на мало порасна за 4,3 проценти на годишно ниво, забележувајќи позитивен раст три месеци по ред.

– Треба да истражиме нови моменти во потрошувачката со цел да ја стимулираме домашната побарувачка”, рече Ли. На вчерашната средба беше договорено стратегијата за зајакнување на домашната побарувачка да има приоритет.

Локалните власти се охрабруваат да преземат чекори за забрзување на набавките на автомобили и зголемување на квотите за регистарски таблички. Одлуките на Државниот совет наведуваат дека давателите на угостителски услуги се охрабруваат да ги направат своите менија и услуги поразновидни и надградени, но и да го подигнат стандардот на услугите.

Подигнувањето на нивото на потрошувачка во области и градови ќе служи како упориште за поттикнување на руралната потрошувачка. Ќе се работи повеќе на изградба на деловни и трговски објекти во различни кинески области и општини, како и логистички места во селата, се вели во упатствата на Државниот совет.

Треба да знаете
Последни објави