Search

Кина се закани со мерки доколку САД им продадат авиони на Тајван

Кина нема да мирува додека Тајван купува напредни авиони од САД, изјави шефот на институтот за воени студии при Академијата за воени науки, полковникот Чен Ронгди.

Тој предупреди на денешниот форум во Пекинг дека Кина ќе воведе контрамерки на тајванската набавка на авиони „Ф-16В“, и дека странските компании кои се вклучени во договорот ќе бидат казнети, пренесе „АП“.

Кинескиот полковник смета дека оваа продажба е директно кршење на обврските на официјален Вашингтон кон Пекинг.

Треба да знаете
Последни објави