Search

Кина презентира нови бродови на 70-тата годишнина на морнарицата

Кина, следната недела, по повод седумдесетгодишнината од формирањето на морнарицата, ќе ги претстави новите разорувачи и нуклеарните подморници, соопшти заменикот- командант на морнарицата, Чиу Јанпенг.

Според него, на парадата ќе бидат прикажани 32 воени брода и 39 авиони.

– Меѓу бродовите на Народната ослободителна војска, кои ќе бидат прикажани, се носачот на авиони „Лиаонинг”, новите нуклеарни подморници и разорувачи, како и борбени авиони. Некои бродови ќе бидат прикажани по првпат, рече Чиу.

Бродовите на десетина странски морнарарици, вклучувајќи ги и оние од Русија, Сингапур, Индија, Тајланд и Виетнам, ќе учествуваат на парадата.

Треба да знаете
Последни објави