Search

Кина потврди дека уапсила 12 граѓани на Хонг Конг

Кинеските власти денеска потврдија дека уапсиле 12 граѓани на Хонг Конг за наводен обид за илегално преминување во Тајван минатиот месец.

Тие се обиделе да го направат тоа по море, во чамци, а Министерството за надворешни работи на Кина ја окарактеризира таа група како сепаратисти.

Уапсени се 12 лица на возраст меѓу 16 и 33 години и биле задржани во принуден кривичен притвор, во согласност со кинескиот закон за нелегално преминување на границата, објави Бирото за безбедност во Шенжен во јужна Кина, додавајќи дека групата е уапсена на 23 август.

Минатиот месец, властите потврдија апсење на 12 лица осомничени за поврзаност со антивладините протести од минатата година.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на Твитер вчера објави дека уапсените не се демократски активисти, туку лица кои се обидуваат да го одвојат Хонг Конг од Кина, што според законот за безбедност на Хонг Конг се смета за незаконско и обид за отцепување, субверзија, тероризам и договарање со странски сили.

Треба да знаете
Последни објави