Search

Кина постави ракета за лансирање на Месечината

Кина денеска постави ракета во рамки на подготовките на мисијата за собирање материјали за проучување од Месечината.
Ракетата „Long March-5″ е транспортирана од хангар до местото во вселенската база во Венчанг, од каде ќе биде лансирана.
Мисијата „Chang’e 5″ би требало да започне следната недела, во рамки на која на Месечината ќе биде поставен робот кој ќе вади камења и други материјали од тој сателит.
Научниците на тој начин ќе имаат можност првпат по повеќе од четири децении да проучуваат материјали од Месечината.
Ракетата „Long March-5″ е наречена и „Fat 5″ (Дебел) поради својата гломазност и неколку неуспешни лансирања.
Треба да знаете
Последни објави